
Правната експертка, судијката Инга Реине од Општиот суд на Европската Унија на 26.02.2025г. одржа предавање на тема „Компаративен преглед на европските судови“.
Настанот предизвика голем интерес и покрај студенти од Правниот факултет – Кичево предавањето го следеа и други заинтересирани за темата. Воведничар на предавањето беше проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ, кој ја истакна важноста на европските судски институции во современиот правен поредок и ја поздрави можноста студентите одблиску да се запознаат со практичните аспекти на судската работа во Европската унија.
Предавањето ја афирмира сложеноста и динамиката на европскиот правен систем, нагласувајќи ја улогата на судските институции во зачувувањето на владеењето на правото, заштитата на фундаменталните права и обезбедувањето на унифицирана примена на европското право.
Судијката Реине, со своето богато искуство во областа на правото на Европската Унија, ги запозна присутните со надлежностите на различните судови, нивните меѓусебни релации и влијанието што го имаат врз правните политики во Европа.
Во текот на настанот, беше искористена и можноста да се сензибилизираат присутните за значењето на КОЛОРС алијансата и важноста на EDI Policy пакетот (Политика за еднаквост, различност и инклузивност) во контекст на унапредувањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) и другите универзитети од оваа алијанса.
Проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ, нагласи дека КОЛОРС алијансата претставува важен инструмент за поддршка на академските институции во создавањето инклузивни и иновативни образовни простори, што се усогласуваат со европските стандарди за еднаквост и пристапност.
This information was originally published and can be accessed via this link: source link.
Responses