Мисијата на Алијансaта КОЛОРС оживеа низ кратко студентско видео

УКЛО КОЛОРС студентките Елена Шалевска и Ева Нешкоска изработија видео за мисијата на КОЛОРС како универзитетска алијанса што генерира кон eвропски универзитет на иднината.

Видео материјалот дизајниран е да ги запознае студентите и пошироката јавност со мисијата на КОЛОРС како eвропска универзитетска алијанса, интернационален концепт што се развива со цел да се создадат  иновативни универзитети, релевантни за идните генерации, што поттикнуваат креативност и интердисциплинарност, што ги подготвуваат студентите за глобализираниот и брзо менувачки свет.

Академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска се радува на засилената студентска продукција, збогатување на студентските изработки кои остaваат и имаат најубав печат во агрегаторот на идеи на УКЛО КОЛОРС.

Кратко видео е прв ваков продукциски  чекор на Шалевска и Нешкоска, еден од начините за популаризација на студентското видување на КОЛОРС и УКЛО КОЛОРС. Тие ги пренесуваат своите впечатоци и пораки низ едногодишна рекапитулација на она што претставува, што значи и какви хоризонти и можности нуди присутноста на УКЛО во КОЛОРС и мисијата на КОЛОРС како европска универзитетска алијанса што со својата поставеност градира кон  – европски универзитет на иднината.

Целото видео е достапно на следниот линк .

This information was originally published and can be accessed via this link: source link.

Related Articles

Responses