ChallengeEU: Почеток на ново поглавје!

На 12. март, девет европски универзитети остварија средба во Офенбург, Германија, за да го потпишат Конзорциумскиот договор, со што официјално ја започнаа Алијансата ChallengeEU. Оваа иницијатива има за цел да се зголеми квалитетот и конкурентноста на високото образование во Европа, да се зајакне интеграцијата и да се олесни мобилноста за студентите, за академскиот кадар и за научната заедница. Покрај другите стратешки цели, во фокусот на проектот е трансформацијата на универзитетите во компонентата за поддршка на влијанието на индустријата, дигиталните аспекти, учењето со знаења и вештини за иднината, кои ќе одговорат на дигиталната генерација и трансформираниот пазар на трудот и општеството во целина.

Еден од водечките универзитети во оваа алијанса е Универзитетот на Југоисточна Европа. По тој повод, ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети истакна:

„Регионалниот контекст е уникатен концепт, а земјите со мала географска големина можат да имаат влијание и соработка преку нивните граници. Во моментов, околу 10-15% од студентите доаѓаат од земјите на Западен Балкан. Промените се случуваат со брзо темпо и во нашиот регион, но постои изразен јаз меѓу теоретските знаења што се изучуваат и практичните вештини што се применуваат во реалноста.“

Алијансата ChallengeEU вклучува универзитети од Германија, Северна Македонија, Франција, Шведска, Португалија, Полска, Латвија, Шпанија и Швајцарија. Партнерските универзитети ќе креираат заеднички европски кампус за размена на знаења и академски развој.

Преку оваа алијанса ќе се трансформира традиционалниот модел на универзитетите, со интегрирање на иновативен пристап во наставата, истражувањето и професионалната обука. Исто така, целта е креирање меѓууниверзитетски кампус, промоција на инклузивно образование и развој на заеднички иновативен еко-систем.

Со повеќе од 83.000 студенти и 9.000 академски кадарChallengeEU има за цел да ги поврзе универзитетите со јавниот и со приватниот сектор, осигурувајќи високото образование да биде подготвено за предизвиците на иднината.

This information was originally published and can be accessed via this link: source link.

Related Articles

Responses