Свечена промоција на доктори на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“: 22 нови доктори во различни научни дисциплини

На ден 11.3.2025 година, беше одржана промоција на доктори на науки, од областа на природно-математичките науки, медицинските и здравственитенауки, општествените науки, инженерството и технологијата и хуманистичките науки.

На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 22 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Природно-математичкиот факултет, Стоматолошкиот факултет, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје.

Промоцијата на доктори на науки се одржа во големата сала на Ректоратот, со почеток во 12;00 часот.

Линк до фотографиите: https://photos.google.com/…/AF1QipN2G…

This information was originally published and can be accessed via this link: source link.

Related Articles

Responses