Здраво фриленсери!👋🏻
Заедно со нашите партнери од ПроКредит Банка, Унија на Македонски Фриленсери Фриленсдонија и Импакт Фондација како секоја последна среда од месецот, па така и оваа на 25.12.2024 од 12:00 часот го организираме третиот Coworking & Networking настан за фриленсери во просториите на Стартап Клуб Скопје и Hive Room.
Ова е идеална можност за вмрежување со други фриленсери, стартапи и remote workers, размена на идеи и искуства како и заедничко работење од coworking просторот на Стартап Клуб Скопје и Hive Room.
Агенда:
12:00 – 17:00 | Coworking
20:00 | Networking – Предновогодишна Хуманитарна забава
Coworking: Влезот е бесплатен, бројот на слободни места е ограничен. Сѐ што треба да направите е да се регистрирате на формата со што го најавувате вашето присуство.
Ве очекуваме,
-Тим на Стартап Клуб Скопје, ПроКредит Банка, Freelancedonia и Импакт Фондација✌🏻